НАТО не ги признава изборите во Абхазија

Од:

НАТО не ги признава изборите во грузискиот регион Абхазија, спроведени на 12 март, се наведува во соопштението на Џејмс Апатурај, специјален претставник на генералниот секретар на Алијансата за Кавказ и Централна Азија.

– Овие избори не придонесуваат за трајно решавање на прашањето со Грузија, додава тој. НАТО и земјите од Алијансата не ги признаваат Абхазија и Јужна Осетија – региони на Грузија – како независни држави, додаде Апатурај.

Тој повторно ја изрази целосната поддршка од НАТО за суверенитет и територијалниот интегритет на Грузија во меѓународно признатите граници.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје