НАТО моментно не може да ги заштити балтичките земји од евентуална руска инвазија

Од:

НАТО моментно не може да ги заштити балтичките земји од евентуална руска инвазија, изјави генерал Бен Хоџис, командант на копнените сили на НАТО во Европа.

– Вистина е дека Русија може побрзо да ги заземе балтичките земји отколку што ние можеме да помогнеме, истакна Хоџис во интервју за германскиот неделник „Цајт“.

Во Полска моментно се одржуваат воени вежби „Анаконда-16“, во кои учествуваат 31.000 војници од 24 земји. Тие се подготвуваат да одговорат на евентуален агресор, кој би ги нападнал балтичките држави и северниот дел на Полска. На 8 и 9 јули во Варшава ќе се одржи средба на високо ниво на НАТО, на која се очекува да биде одобрено зајакнување на присуството на силите на Алијансата во источниот дел на Европа.

– Маневрите беа критикувани од Русија. Официјално тоа се воени вежби на Полска, а не на Алијансата. Некои земји како Германија и Франција сметаат дека е преголема провокација кон Русија да ги наречеме маневри на НАТО, истакна американскиот генерал.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО