НАТО ќе распореди четири баталјони по источната граница со Русија

Од:

Западните сојузници се подготвуваат да распоредат четири баталјони, со околу 4.000 војници, во Полска и во балтичките држави во рамките на мерките на НАТО за зајакнување на границата со Русија. Распоредувањето е поради интензивираната воена активност на Русија, изјавија вчера официјални претставници за „Волстит џурнл“.

Најверојатно два баталјона ќе бидат од САД, а по еден од Германија и од Велика Британија.
Американскиот заменик-секретар за одбрана Роберт Ворк за време на неговата посета на Брисел изјави дека распоредувањето на војници на границата е одговор на руската активноста околу балтичките држави – Литванија, Летонија и Естонија, каде се зголемуваат тензиите.

– Русите изведуваат голем број воени вежби на границите со многу војска. Од наша гледна точка можам да кажам дека тоа е исклучително провокативно однесување, посочи Ворк.

Русија тврди дека воените вежби и распоредувањето на војска на границата е одговор на распоредувањето на сили на НАТО и агресивните акции кон Москва.

Германија вчера најави дека планира за распоредување на баталјон во Литванија, но оти нема донесено конечна одлука.

Полска и балтичките држави инсистираат на што поголемо присуство на НАТО на нивна територија. Но, распоредувањето на сили не треба да е во спротивност на Договорот од 1997 година меѓу Русија и НАТО, со кој се забранува распоредување на големи трупи на руската граница.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО