Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со молдавскиот премиер Павел Филип изјави дека следниот месец НАТО ќе отвори свое постојано претставништво во Молдавија.
– На почетокот од следниот месец заменик генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер ќе отвори во Кишињев постојана канцеларија на Алијансата, изјави Столтенберг.
Канцеларијата ќе биде иста како во Москва, Тбилиси и Киев, а во неа ќе работат цивилни експерти.
Столтенберг најави дека НАТО ќе ги поддржува реформите во Молдавија и зајакнувањето на нејзината одбрана, вклучително и во кибер-сверата.