НАТО ќе остави 12 илјади војници во Авганистан, по повлекувањето на меѓународните сили идната година

Од:

Тренинг мисијата предводена од НАТО, што ќе остане во Авганистан по повлекувањето на меѓународните сили идната година, ќе брои околу 12 илјади војници, од кои 8.000 американски. Дополнително 1.800 американски војници ќе учествуваат во антитерористичка мисија.

Тоа го соопшти висок американски воен претставник на вчерашната средба на министрите за одбрана на НАТО.

САД барале во контратерористичката мисија да се вклучат и држави со добро обучени специјални единици како Велика Британија или Австралија, истакна анонимен американски дипломат, пренесува БТА.

Претседателот на САД Барак Обама минатата недела соопшти дека неговата земја планира да остави во Авганистан од почетокот на следната година околу 9.800 војници, дел од кои ќе учествуваат во тренинг мисијата на НАТО, а други во американксата мисија за борба против борците на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море