НАТО: Ќе има сериозни последици по Русија во случај на употреба на нуклеарно оружје

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека употреба на нуклеарно оружје со мала моќност во Украина би имало сериозни последици по Русија.

Тој додаде дека НАТО е дефанзивен сојуз чија цел е да спречи конфликт или војна.

– Затоа, ја зајакнавме нашата моќ на одвраќање за да испратиме многу јасна порака до Русија дека сме тука да ги заштитиме и браниме сите членки на Алијансата. Видовме шпекулации за употреба на нуклеарно оружје со краток дострел во Украина и јасно и ставивме до знаење на Москва дека тоа ќе има сериозни последици за Русија, истакна Столтенберг на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на НАТО со министрите за одбрана.

Тој потсети дека Русија „знае дека нуклеарна војна не може да се добие, ниту пак некогаш треба да дојде до тоа“.

Исто така, внимателно ја следиме нуклеарната позиција на Русија. Не видовме промени во нуклеарната позиција на Русија, но ќе останеме будни, внимателно ќе следиме се поради нуклеарните закани, нуклеарната реторика. Скриените закани на Русија се опасни и непромислени, истакна Столтенберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството