НАТО „ја утна“ во Авганистан, земјата е полна со терористи на Исламска држава, вели рускиот министер за одбрана

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија регистрира активно движење на милитантите на терористичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Авганистан.

Шојгу изрази надеж дека ќе се постигне национален договор во Авганистан, но во исто време гледа активни единици на ИД кои се движат од териториите на Сирија и Либија, јави агенцијата ТАСС.

На 29 декември 2014 година, Врховниот суд на Русија ја прогласи Исламска држава (ИД) за терористичка организација, а активностите на екстремистичките организации се забранети во Русија.

Министерот Сергеј Шојгу ја коментираше и неуспешната мисија на САД и НАТО во Авганистан.

– Настаните во северните погранични области на земјата и масовноста покажуваат дека договорот меѓу САД и талибанците на Исламската држава (ИД) не се исполнува, рече Шојгу.

Тој додаде дека посебна загриженост предизвикува фактот дека „ИД и другите меѓународни терористички групи ги зајакнуваат своите позиции во Авганистан, што ја зголемува нивната закана да навлезат во соседните земји“.

– Затоа, мора да констатираме дека американската и НАТО мисијата во Авганистан не успеаја“, додаде Шојгу.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот