НАТО испраќа тенкови на источните граници

Од:

НАТО ќе распореди тенкови и опрема за околу 5.000 луѓе по должината на своите североисточни граници, најави генералниот секретар Јенс Столтенберг, во пресрет на министерската конференција во Брисел, јави Танјуг.

Тенковите и опремата ќе бидат распоредени во Полска и во балтичките земји, а Столтенберг ја нарече оваа мерка „потег на увеување на источните членки дека НАТО е подготвен да ги брани.

– И дадовме на главната команда на НАТО налог да подготви план на распоредување и во рамки на командната структура да се формира нов логистички штаб да го спроведе, рече Столтенберг.

Тој нагласи дека со ова не се нарушува договорот на НАТО со Русија според кој НАТО се обврзува дека нема да основа постојани бази на исток, бидејќи војниците нема да ги следат тенковите и опремата, која ќе биде конзервирана и активирана само ако се укаже потреба.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО