НАТО и ЕУ застанаа зад демократски избраната власт во Турција

Од:

Северноатлантската алијанса и Европската унија, утрово цврсто застанаа зад демократски избраната власт во Турција, по синоќешниот обид за воен удар во оваа држава, јави дописникот на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и водечката тројка на Унијата: Жан-Клод Јункер (Европска комисија), Доналд Туск (Европски совет) и Федерика Могерини (Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ), излегоа со изјави во кои го осудија обидот за насилно превземање на власта во Турската Република, против волјата на мнозинството на граѓаните на Турција.

– Само што разговарав со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и ги следам настаните во Турција со голема внимателност и со загриженост. Повикувам на смиреност и воздржаност, како и на целосно почитување на демократските институции во Турција и нејзиниот Устав. Турција е ценет НАТО сојузник, истакна Столтенберг.

Од друга страна, Јункер, Туск и Могерини беа подиректни во нивната порака за обидот за воен удар во Турција, земја-кандидат за членство во Европската унија.

– Турција е клучен партнер за Европската унија. ЕУ целосно ја поддржува демократски избраната Влада, институциите на државата и владеењето на правото. Апелираме за брзо враќање на уставниот поредок на Турција. Продолжуваме внимателно да го следиме развојот на настаните и да се координираме со 28. земји-членки на ЕУ, порачаа Јункер, Туск и Могерини, челната тројка на Унијата.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството