НАТО потврди дека бил информиран од САД пред да биде преземена воената интервенција врз сириската воена база во регионот на Хомс.
– Можеме да потврдиме дека генералниот секретар беше информиран пред ракетните напади од страна на американскиот секретар за одбрана, изјави портпаролка на Алијансата.