НАТО бара од Северна Кореја да се воздржи од провокации

Од:

НАТО најостро го осудува континуираниот развој на програмата за балистички ракети и нуклеарно оружје во Северна Кореја и бара од неа да се воздржи од провокативни акции.

– Провокативните акции на Северна Кореја претставуваат директно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетиѕе нации и сериозно ја поткопуваат регионалната стабилност, ги загрозуваат шансите за траен мир на Корејскиот Полуостров и се закана за меѓународниот мир и безбедност, се наведува во соопштението од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата.

НАТО бара од Северна Кореја да се воздржи од провокативни акции и да ги почитува своите меѓународно-правни обврски и да се откаже од сите нуклеарни програми, како и да се ангажира во преговорите за денуклеаризација.

На денешниот состанок министрите освен за Северна Кореја, разговараа и за ситуацијата во Сирија, за дополнителните мерки со цел да се зајакне противвоздушната одбрана на соседна Турција, но и за случувањата во Мали и во Демократска Република Конго.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море