НАТО: Авганистанските сили за безбедност да го преземат раководството на сите операции

Од:

Во наредните месеци очекуваме авганистанските сили за безбедност да го преземат раководството на сите операции на локална територија, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Тој истакна дека во моментот тие одговараат за безбедноста во реони, во кои живее 97 проценти од авганистанското население.

– Предавањето на одговорноста за безбедноста од меѓународните сили во рацете на локалните раководители напредува. Авганистанските служби ги имаат неопходните способности, додаде Расмусен.

Тој истакна дека соработката на НАТО со авганистанските власти ќе продолжи и по крајот на мисијата на ИСАФ догодина.

– Потоа ќе го продолжиме присуството таму со нова тренинг мисија, ќе продолжиме да поддржуваме слободен и сигурен Авганистан, изјави Расмусен.

Тој истакна дека се уште не е постигнат договор за финансирање на авганистанските сили за безбедност, кои се очекува до 2018 година да бидат на товар на меѓународната заедница.

Шефот на Алијансата коментира дека финансирањето на работата на 352.000 полицајци и војници е поевтино отколку досегашното присуство на војската на ИСАФ.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море