Насралах: Либан ќе биде многу оштетен доколку ги почитува новите американски санкции против Сирија

Од:

Лидерот на либанското движење Хезболах, Саид Хасан Насралах, изјави дека Либан не треба да ги почитува новите американски санкции против Сирија, опишувајќи ги како „длабоко штетни за неговата земја“, доколку се применат.

Насралах кажа дека Либан веројатно ќе биде многу оштетен доколку ги почитува наметнатите санкции, познати како американскиот Цезар Закон за заштита на цивилите во Сирија, пренесуваат американските медиуми.

Тој, исто така, кажа и дека Сирија е единствената копнена врска на Либан со светот, па тоа може да и наштети на трговијата. Губењето на копнена маршрута со Сирија неговата земја би ја натерало да се сврти кон Израел, што, посочи, всушност е и целта на американските санкции, што тој ги отфрла.

Либан и Израел се уште технички се во војна, а Хезболах водеше бројни војни со Израел, последната во 2006 година.

Либан се соочува со економска и финансиска криза, што се карактеризира со сериозен недостиг на долари и негативен економски раст. Кризата е влошена и од пандемијата на коронавирусот, што ја продлабочи невработеноста и инфлацијата.

Новите американски санкции против Сирија, досега најтешки, на сила стапуваат денеска, санкционирајќи ги секоја земја или ентитет што работи со сириската Влада.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Хамас ги надомести речиси сите загуби што му ги нанесе Израел, тврди Блинкен

Катерина Ѓуровски