Наследникот на Нородом Сиханук одбележа 10 години на престолот на Камбоџа

Од:

Десетици илјади жители на Камбоџа учествуваа денеска на одбележувањеѕо на 10-годишнината од крунисувањето на сегашниот крал Нородом Сихамони, кој го наследи светски познатиот и влијателен крал Нородом Сиханук.

За разлика од таткото, кој беше значаен фактор на политиката во Азија и пошироко, сегашниот крал Сихамони задржува т.н. „низок профил’’ во политиката, а за разлика од неговиот татко Нородом Сиханук не учествувал ниту во една политичка интрига во Камбоџа.

За аналитичарите на состојбите во Камбоџа кралот Нородом Сихамони упатил значајна порака со тоа што денеска ја пофалил политиката на премиерот Хун Сен, кој, според него, успошно ја менаџира политичка нестабилност во земјата наметната од опозицијата.

Незадоволни од изборните резултати, опозиционерите одбиваа да влезат во Парламентот во кој од 126 имаат 53 пратеници. По категоричното одбивање на Хун Сен да разговара за нови избори и формирање техничка влада, опозиционерите, по десет месечен бојкот, во септември прифатија да учествуваат во работата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска