Саудиска Арабија и Египет се договориле да формираат заеднички воен комитет кој би разговарал за спроведување заеднички воени вежби во Саудиска Арабија, во кои ќе земат учество и државите од Заливот, стои во соопштението на египетското претседателство.
Според соопштението египетскиот претседател Абдул Фетах ел Сиси се согласил да формираат комитет во тек на состанок во Каиро со саудискиот министер за одбрана, принц Мухамед Селман Абдулазиз.
Според наводите на медиумите, во тек на состанокот саудискиот министер за одбрана рекол дека Египет ќе застане до останатите арапски држави, нагласувајќи при тоа колку е важен арапскиот Залив за безбедноста на Египет.
Е.Г.