Наскоро состанок на сите палестински фракции кои го потпишаа договорот за помирување на Фатах и Хамас

Од:

Сите палестински фракции кои го потпишаа договорот од Каиро за помирување на Фатах и Хамас и повторно обединување на Западниот брег и Појасот Газа, повикани се да присуствуваат на дводневниот состанок закажан за 21 ноември во Каиро.

Ова го соопшти Љаис Абдул Карим, заменик на генералниот секретар на Демократскиот фронт за ослободување на Палестина.

Тој за радиото Гласот на Палестина изјави дека на состанокот ќе се разговара за теми како што е структурата на владата на национално единство, одржување избори, прашањето за Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и свикување седница на Палестинскиот национален совет.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски