„Вселенскиот брод за 21 век“, Орион на НАСА, кој на човештвото би требало да го однесе до Месечината и Марс, наскоро ќе тргне на својот прв лет кој е закажан на 4 декември оваа година.
Првиот лет на Орион ќе биде изведен без човечки екипаж, но капсулата ќе биде исполнета со различни сензори кои инжeнерите на НАСА ќе помогнат да дознаат дали се работи на бродот како што е дизајнирано, претставува ли леталото опасност на астронаутите.
На својот прв лет, Орион ќе направи две орбити околу Земјата и ќе се подигне на повеќе од 5.000 километри над површината за да се дознае дали антирадијациските штитови на капсулата се доволни за заштита на астронаутите од опасна радијација во Ван Аленовиот појас – подрчаје околу Земјата во кое магнетното поле пренасочува поголем дел од штетното сончево зрачење.
По преминувањето низ Ван Аленовиот појас, Орион ќе се врати во атмосферата каде ќе го тестира својот топлотен штит и системот на отворање на падобранот.
НАСА се надева дека технологијата која е развиена за потребите на вселенскиот брод Орион во блиска иднина ќе им овозможи на луѓето враќање на Месечината, а во следната деценија и летови со човечки екипаж до астероидите, со лет до Марс како конечна цел на Орион.