Наскоро на тлото на Украина: Подготовките за трансфер на системот „Патриот“ се веќе започнати

Од:

Подготовките за префрлање на американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина веќе се започнати, изјави шефот на украинското Министерство за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Современите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ се вклучени во новиот пакет американска воена помош за Украина, што беше договорен за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски во Вашингтон во декември.

Пентагон ја отфрли можноста да испрати свои специјални сили на обука во Украина, но вети дека ќе ги обучи Украинците за неколку месеци.

„Минатата година ја завршивме со револуционерна одлука да и обезбедиме на Украина американскиот систем „Патриот“, како што се договорија лидерите на Украина и САД, Зеленски и Џозеф Бајден. Ние многу го цениме овој чекор на Соединетите Држави. Очекуваме „Патриот“ да биде распореден што е можно поскоро. Подготовките за трансфер на овие системи се веќе започнати“, изјави Кулеба за време на онлајн брифингот, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија