Насилни протести во Либан, петмина загинати

Од:

Во судири во неколку региони во Либан денеска загинаа петмина луѓе. Насилните протести настанаа вчера, по погребот на шефот на разузнавачката служба Висам ал Хасан, кој загина во петокот во бомбашки напад.

Либанската армија соопшти дека ќе дејствува решително за да ги намали тензиите на улиците и ги повика на смиреност политичарите и демонстрантите. Опонентите на либанската влада сметаат дека зад нападот стои сирискиот режим, кој има силно влијание во Либан.

САД соопштија дека ќе им помогнат на властите на Либан во истрагата на бомбашкиот напад во Бејрут во кој, меѓу другите, Ал Хасан. Стејт департментот соопшти дека американската државна секретарка Хилари Клинтон телефонски разговарала со премиерот Наџиб Микати, кој се согласил во врска со помошта околу истрагата.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан