НАСА тестира интерпланетарен интернет

Од:

НАСА и Европската вселенска агенција тестирале прототип на систем кој можеби еден ден ќе овозможи Интернет комуникација меѓу Земјата и роботи на друга планета, пишува Фокс Њуз.

Астронаутката Сунита Вилијамс, командантка на Меѓународната вселенска станица, која моментално е на мисија, употребила експериментален протокол на мрежа која е толерантна на пречки (Disruption Tolerant Networking – DTN), да управува со робот кој бил лоциран во европскиот Центар за вселенски операции во Германија. Експериментот е направен кон крајот на месецот.

Ова е симулација во која астронаут кој орбитира околу некој друг свет контролира ровер на површината на таа планета.

„Демонстрацијата покажа дека има можност за користење на нова комуникациска инфраструктура која ќе испраќа команди до робот на Земјата од вселенски летала кои орбитираат во вселената и ќе прима слики што исто така ќе ги враќа назад до роботот“, рекол Бедри Јунис, претставник на НАСА.

Според него, тестирањата што досега се спроведени од вселенската станица еден ден би можеле да бидат искористени од луѓето, така што вселенските летала кои орбитираат околу Марс да бидат управувани од роботи од Земјата.
Таканаречениот DTN протокол (Disruption Tolerant Networking) е нов вид на технологија дизајнирана за да овозможи стандардизирана комуникација на огромни растојанија и со временско одложување.

„Експедиција 33“ која моментално се наоѓа во меѓународната вселенска станица и работи на тестирањето на овој вид технологија е составена од шестчлен екипаж. Астронаутите на НАСА Вилијамс и Кевин Форд, јапонскиот астронаут Акихико Хошиде и руските космонаути Јури Маленченко, Евгени Тарелкин и Олег Новицки.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска