НАСА потврди: Под површината на Ганимед се наоѓа океан

Од:

Под површината на Ганимед, Јупитерова месечина и најголем природен сателит во Сончевиот систем, се наоѓа океан длабок околу сто километри, тврдат научниците.

Тие наведуваат дека океанот се наоѓа под слојот површински мраз со дебелина од 150 километри.

Во соопштението на Американската вселенска агенција се наведува дека до тие податоци, кои укажуваат на можно постоење на живот, научниците дошле со помош на вселенскиот телескоп Хабл, кој го проучувал магнетното поле на Јупитеровата месечина.

Ганимед така се приклучи на се поширокиот попис на планетарни месечини за кои се верува дека имаат вода под површината.

Неодамна научниците објавиле дека на Сатурновата месечина Енцеладус под замрзнатата површина постојат извори на врела вода.

Вода е детектирана и на Јупитеровите месечини Европа и Калиста.

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира до 2022 година да испрати мисија чија задача ќе биде да го истражува Јупитер и трите негови месечини, вклучувајќи ја и Ганимед.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ