НАСА планира да направи град над Венера?

Од:

НАСА има идеја над Венера да постави град кој лебди и во кој за почеток би живееле астронаути, а во тек на мисија од 30 дена, оваа вселенска агенција би требало да префрли тим кој во атмосферата на Венера ќе постави балони, слични на дирижабл во рамките на кои би се наоѓал просторот за живот.

Меѓутоа за сето тоа се потребни неколку децении, бидејќи Венера која што е позната како утринска ѕвезда е место кое изобилува со сулфур и температура која достигнува и до 500 степени Целзиусови, а притисокот е 90 пати повисок од овој на Земјата.

10877901_10205668725223338_450776886_n

Површината на оваа планета е толку топла што на неа се топи метал. Сепак само 50 километри над неа, условите се слични со оние на Земјата и атмосферскиот притисок е ист како на нашава планета, а аеропросторот нуди доволно заштита од соларна радијација, поради што НАСА планира во тој простор да постави град што лебди.

Проектот кој што е наречен Хавок се наоѓа во фаза на студија на изработка, што дава надеж дека оваа мисија може да стане реалност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ