НАСА соопшти дека не е регистрирано истекување на амонијак во одделот на Меѓународната вселенска станица, иако асторонаутитете поради страв се евакуирале во рускиот дел.
Екипажот кој го сочинуваат двајца Американци, тројца Руси и еден Италијанец ќе останат заедно во рускиот дел од станицата се додека не биде потврдено дека безбедно може да се вратат назад, пренесе „Итар Тас“.
Според наводите инженерите сметаат дека станува збор за дефект на компјутер, но дека системот за работа на станицата е стабилен.
Е. Г.