Ракета-носач Атлас-5 вчера лансира нова генерација на комуникациски сателит на НАСА.
По позиционирањето на 35.900 километри над Земјата, сателитот за следење и собирање на податоци (ТДРС), произведен од „Боинг“ ќе се присоедини кон мрежата од седум сателити, кои го следат лансирањето на ракети и емитираат комуникациски податоци до и од Меѓународната вселенска станица, телескопот „Хабал“ и други вселенски бродови кои кружат околу Земјата.
Во 1983 година беше лансиран првиот ТДРС.