Вселенската агенција на САД, НАСА го продолжи договорот со руската државна корпорација „Роскосмос“ за певезување американски астронаути до Меѓународната вселенска станица со руските бродови „Сојуз“, јави ТАСС. Новиот договор е во износ од 490 милиони долари.
Директорот на НАСА Чарлс Болдон го извести Конгресот, дека договорот со Русија се наложува да биде продолжен, бидејќи може да не стигнат средства за изградба на нови американски пилотирани вселенски бродови.
Раководството на НАСА стравува дека нема да бидат готови до 2017, како што беше планирано, туку малку подоцна.
Во соопштението на НАСА и во писмото на Болдон до законодавците не се вели за колкав рок е предвиден новиот договор.
Едно место во руските бродови „Сојуз“ сега ја чини НАСА околу 76 милиони долари.