НАСА избра три компании за испраќање на човек на Месечината

Од:

Националната вселенска агенција (НАСА) избра три компании кои ќе се занимаваат со развој на вселенски сонди за првото спуштање на луѓе на Месечината по 1972 година, соопшти агенцијата.

Тендерот за избор на компании е во рамки на програмата „Артемида“, контракт е склучен со компаниите Blue Origin, SpaceX и Dynetics.

SpaceX е компанија на Илон Маск која развива повеќенаменски вселенски брод Starship со способност да се спушти на Месечината и да полета од нејзината површина.

Blue Origin е во сопственост на Џеф Безос и развива лунарна сонда за достава на луѓе, залихи и транспортни средства.

Dynetics создаде двоетапен систем за спуштање и качување на луѓе на Месечината.

Во НАСА планираат една од избраните компаниите до 2024 година да испрати на Месечината неколку космонаути, меѓу кои ќе биде и првата жена во историјата.

Раководителот на НАСА, Џим Брајденстајн, за Вашингтон пост изјави дека е убеден дека агенцијата ќе успее со реализација на мисијата во предвидениот рок, и покрај тоа што првиот лет во вселената на ракетата Space Launch System на Boeing што треба да испрати космонаути на Месечината, повторно е одложен, овој пат до 2021 година.

Според него, спуштањето на Месечината „започнува да изгледа се пореално“.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он