НАСА ги истражува можностите за посета на Венера

Од:

Иако е поблиску до Земјата од Марс, Венера никогаш не се сметала за поволна дестинација на астронаутите, бидејќи на неа владејат пеколни услови.

Меѓутоа група научници од НАСА велат дека токму посетата на Венера би била поизводлива од таа на Марс. Имено на површината на оваа платена има околу 500 степени Целзиусови, што е доволно да се растопи олово, а воздушниот притосок е речиси сто пати поголем од тој на Земјата.

Сепак научниците велат дека на околу 50 метри од тлото владејат „пријатни“ 75 степени, гравитацијата е значително послаба од таа на Земјата, а притисокот е речиси ист.

Според нивниот концепт астронаутите всушност би кружеле во атмосферата со гондоли под 130 метри долгиот вселенски брод наполнет со хелиум и би извршувале научни експерименти. Тие се надеваат дека еден ден и луѓето ќе можат трајно да ја населат оваа жешка планета во град кој лебди.

Научниците нагласуваат дека предноста на мисијата на Венера е тоа што патувањето би било покусо во однос на заминувањето на Марс, а благодарение на поголемата изложеност на сончевата енергија, батериите ќе се полнат многу побрзо. Освен тоа атмосферата на Венера нуди и поголема заштита од зрачење.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ