Направил прекрасни фотографии за кои многумина сметаат дека се лажни

Од:

Џои Зунига, музичар од Флорида, минатата недела додека возел по еден автопат снимил фотографии со неверојатна глетка.

Тој го прекинал разговорот со неговата сестра за да го фотографира моментот кога темните облаци на небото се разделиле и се создале премин кон убаво време.

– Изгледаше како нешто божествено да излегува од небото, како Бог да го поддржува, изјави Зунига, додавајќи дека никогаш нема да го заборави тој момент.

Откако ги објави фотографиите на Фејсбук и на Твитер, тие експресно се проширија на социјалните мрежи. Но, луѓето во најголем број од коментарите сметаат дека тие фотографии не се реални и дека сигурно тука „прсти вмешал“ и Фотошоп.

Сепак, глетката ја виделе и други лица, а еден метеоролог изјавил дека ова „чудо“ се случило како последица на тоа што рабовите на две дождовни завеси се споиле на едно место, а Џои бил на „вистинското место во вистинско време“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ