Направил 19 операции за да изгледа како Супермен

Од:

Филипинецот Херберт Чавез (35) во последните 16 години потрошил околу седум илјади долари, што е за филипинскиот стандард цело богатство, и направил 19 пластични операции за да изгледа како неговиот омилен филмски лик, Супермен.

Чавез сега оди по улиците облечен како Супермен и се обидува на децата да им даде морална поддршка и да ги забавува.

– Се чувствувам како суперхерој секогаш кога ќе го облечам костимот. Мојата мисија не е да го спасам светот, туку да помогнам и да ја вратам насмевката на лицата на децата во мојот град. Луѓето ме застануваат и сакаат да се фотографираат со мене. Воодушевени се што го гледаат Супермен на Филипините, рече Чавез.

Тој планира нова операција со што повеќе да личи на Супермен. Сам ги прави неговите костими и маици.

Во јуни оваа година Чавез влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице со најмногу Суперменови меморабили, со дури 1.253 примероци. Сега неговата колекција порасна на речиси пет илјади примероци.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ