Напаѓачот од Тајланд што избодел и пукал во деца е поранешен полицаец: Избегал со бел пикап, конзумирал наркотички средства

Од:

Тајландската полиција трага по напаѓачот, кој упаднал во градинка, избодел и пукал во деца и постари лица. Во нападот загинаа најмалку 30 лица, меѓу кои и деца, а се стравува дека оваа бројка не е конечна.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач.

Според неофицијални информации, осомничениот се вика Пања Камраб, поранешен полицаец кој бил отпуштен од службата поради консумирање наркотична дрога.

Локалните медиуми јавуваат дека тој избегал со бел пикап, а јавноста е предупредена дека се работи за многу опасна личност.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога