Напаѓачот од Париз и претходно апсен: Со сабја нападнал мигрантски камп

Од:

BFMTV пишува дека напаѓачот и претходно и бил познат на француската полиција по расизам и вооружени напади. Имено, тој наводно бил уапсен минатата година поради напад со сабја во камп за мигранти.

Засега нема информации за мотивот на овој напад и дали се работи за терористички чин.

Еден од сведоците на пукањето изјави за BFMTV дека го видел напаѓачот како случајно пука на улица. „Слушнав два истрели. Видовме луѓе како трчаат. Пет, шест минути подоцна се сокривме во фризерски салон“, вели сведокот.

„Слушнавме пет истрели од далечина од 50 до 100 метри“, вели друг сведок.

„Потоа видовме лице на возраст од шеесет години како вади пиштол од чантата и пука низ зградата“, додава сведокот.

Друг сведок вели дека луѓето брзо го совладале.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски