Напаѓачот од Минхен е Германец

Од:

Мажот, кој е обвинет дека извршил напад со нож рано утринава врз патници на железничката станица во Минхен, има германско државјанство, но не е жител на Баварија и има 27 години, изјави портпаролот на баварската полиција Карл Хајнц Зегерер. 

Тој истакна дека испитувањето на сведоците покажало дека напаѓачот „дал политички мотивирани коментари“ за време на нападот, во кој се ранети четири лица, од кои едното од нив почина, пренесува Танјуг. 

Зегерер за „Н-ТВ“ објасни дека во моментов малку може да се каже за позадината на нападот“, нагласувајќи дека ќе биде извршен притисок врз  сведоците и осомничениот со цел да се дознае што и кому му е речено.
Обвинителот порано денеска рече дека напаѓачот „очигледно имал исламистички мотиви“. 

Инцидентот се случи во Графинг, источното предградие на Минхен, на железничката станица околу 05:00 часот наутро. Напаѓачот е совладан и уапсен.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Тројца политичари на АфД нападнати во Германија

Горан Наумовски

Смртта на полицаецот во Германија, кој беше убиен од Авганистанец, го подели општеството

Горан Наумовски

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

ВИДЕО: Германските градови уште се под вода, пет луѓе загинаа во полавите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Германија во состојба на катастрофа: Не изјегувајте од дома, опасно е по живот