Напаѓачот од Крајстчрч планирал и трет напад

Од:

Напаѓачот кој на 15 март минатата година уби 51 лице во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, планирал и трет напад, откриено е за време на судењето.

Брентон Тарант планирал да запали џамии, со цел „да предизвика што е можно повеќе смртни случаи“, пренесува Би-Би-Си.

Тарант се изјасни за виновен за 51 обвинение за убиство, 40 обвиненија за обид за убиство и едно за тероризам.

Дваесет и деветгодишниот Тарант се соочува со доживотен затвор без можност за условна казна, а таква казна никогаш не била изречена во Нов Зеланд.

Тарант сними и пренесуваше дел од нападот врз џамиите во живо на Интернет.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите