Напаѓачот од киното во Колорадо е психички болен, тврди неговиот адвокат

Од:

Џејмс Холмс, кој при напад во кино во градот Аурора во американската сојузна држава Колорадо на 20 јули уби 24 лица, страда од психичко заболување, тврди неговиот адвокат Ден Кинг.

Ваквиот став на Кинг бил изнесен на вчерашната расправа во Судот во Аурора, која беше затворена за јавноста и на која 24-годишниот Холмс беше доведен со лисици на рацете и нозете во придружба на тројца полицајци.

Според извори во Судот, во текот на судската расправа Кинг двапати го употребил терминот „психичко заболување“ при описот на менталната состојба на неговиот клиент, што експертите го оценуваат како намера на одбраната да тврди дека Холмс е непресметлив.

Истите извори наведоа дека главниот спор на ова продолжение од судскиот процес меѓу адвокатот и обвинителот се водел околу тајноста на документите од истрагата за нападот. Додека обвинителот инсистирал тие да останат тајни, како што претходно и реши судијата Вилијам Силвестер, адвокатот на Холмс барал документите да бидат објавени во јавноста.

Холмс во обвинителниот акт се товари по 142 точки, меѓу кои има и обвиненија за 24 убиства.

Следното продолжение на судскиот процес против Холмс е закажано за 16 август.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД