Напаѓачот од Франција испратил селфи со отсечената глава во Канада

Од:

Јасин Сали, осомничен дека е извршител на нападот врз американската гасна постројка во Франција во петокот при што му ја отсекол главата на својот работодавец, направил селфи фотографија и ја испратил со whatsapp во Канада, објави истрагата во неделата.

Триесет ипетгодишниот Јасин Сали би требало да биде префрлен во седиштето на француската антитерористичка полиција во близина на Париз, откко почнал да разговара со иследниците.

Сали е татко на три деца, кој немал полициско досие, а полицијата го испитува заедно со неговата сопруга и сестрата. Тој им бил познат на француските власти кои го надгледувале во 2006 година поради сомневање дека одржува врски со радикалното салфистичко движење, но случајот бил отфрлен во 2008 година.

Првично молчалив и нерасположен да соработува со истрагата, во саботата навечер Сали „почнал да објаснува како се одвивале настаните“, рекол извор близок на истрагата, неизнесувајќи детали.

Грозоморната фотографија е откриена во мобилниот телефона на Сали, а канадските власти истражуваат кому е испратена. Локализирањето на неговиот контакт уште не е завршено, бидејќи може да станува збор само за посреден број, пред да биде пренасочена на друга дестинација.

Засега не е јасно и дали главата на жртвата е отсечена по смртта. Форензичарите на вратот пронашле траги од давења, рекле истражителите. Тие во истрагата ќе разгледуваат евентуална сириска врска, имајќи предвид дека според најновите податоци 473 лица отпатувале од Франција и во моментот се наоѓаат во редовите на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано