Напаѓачот од Ел Пасо призна дека цел биле Мексиканци

Од:

Патрик Крузиус, мажот обвинет за смртоносниот напад во американскиот град Ел Пасо, при предавањето на полицајците рекол дека е виновен, а подоцна признал и дека цел на нападот биле Мексиканци.

Во полицискиот извештај за апсењето на 21-годишниот Патрик Крузиус се наведува дека тој рекол дека е напаѓачот, откако со кренати раце излегол од возило, запрено на крстосница, веднаш по саботниот напад во стоковната куќа Волмарт во Тексас.

Крузиус подоцна се согласил да разговара со инспекторите и им рекол дека во Ел Пасо пристигнал од предградие на Далас – каде што живее, и дека Мексиканците биле цел на неговиот напад.

Во нападот загинаа 22 лица, а повредени се околу 25, осум жртви имаат мексиканско државјанство.

Властите веруваат дека непосредно пред нападот, Крузиус поставил на Интернет расистички текст, во кој тој се спротивставил на напливот на Латиноамериканците во САД. Ел Пасо, град на границата на САД со Мексико има население од околу 680,000, каде има бројна латиноамериканска популација.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил