Напаѓачот од Брисел ладнокрвно стрелал со автомат Калашњиков

Од:

Белгиската полиција објави видеоснимка 24 часа по нападот во Еврејскиот музеј во Брисел, од која се гледа дека напаѓачот ладнокрвно со автомат Калашњиков отвара оган кон четири лица.

Снимката од безбедносните камера покажуваат дека тој влегува во холот на музејот со две чанти, ги остава на земјата, ги отвара, го вади автоматот, отвара оган, ги зема чантите и си заминува од местото.

На дел од снимката може да се види неговото лице, но поради слабиот квалитет на снимката неговиот лик е нејасен, за да помогне во утврдувањето на неговиот идентитет.

Сите останати снимки се од мошне високи точки и од нив не е можно да се види неговот лице, а тој исто така носел и шапка, која делумно го сокривала.

Обвинителството се обидува од сведоците да добие информации за овој средно висок маж, кој се уште е во бегство.

Во нападот врз Еврејскиот музеј во Брисел вчера загинале двајца туристи од Тел Авив и соработник на музејот, а доброволка на културната институција била тешко ранета, но и таа денеска им подлегна на повредите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети