Напаѓач застрела тројца случајни минувачи во Франција

Од:

Вооружен маж со автоматска пушка „Калашников“ уби тројца случајни минувачи во градот Истр, во близина на Марсеј во јужниот дел на Франција.

Напаѓачот, кој се опишува како 19-годишен Французин, отворил оган врз автомобил и пешаци во станбена зона во градот Истр.

Жртвите се тројца мажи на возраст од 60, 45 и 35 години, а лесно била повредена и една 55-годишна жена. Полицијата го уапсила напаѓачот, кој изјавил дека дејствувал во името на терористичката организација Ал Каеда, објави францускиот весник „Фигаро“.

Медиумите наведуваат дека момчето и било познато на полицијата поради поседување на оружје и се лекувало на психијатриска клиника.

На местото на инцидентот веднаш пристигнал францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс, кој вети спроведување на широка истрага.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина