Напаѓач со нож уби две Јапонки на островот Гуам

Од:

Американската полиција упаси напаѓач, во туристичкото одморалиште на островот Гуам, кој со нож уби две јапонски државјанки, а 12 лица повреди.

Чад Рјан Десото (21) нападите ги почна синоќа во главниот туристички центар во заливот Тумон кога со автомобил удри во една продавница. Откако излегол од возилото Десто почнал со нож да ги прободува случајните минувачи.

На мета на напаѓачот се нашле 14 јапонски туристи, од кои две жени починаа на 28 и 82 години. Меѓу преживеаните е и едно осуммесечно бебе.

Мотивите за нападот се уште не се познати.

Островот Гуам е дел од американската територија во Тихи Океан, каде се наоѓа голема воздухопловна и помрска база на американската војска. Островот е и позната туристичка дестинација за Јапонците.

МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија