Нападот во Стразбур нема поврзаност со Белгија

Од:

Нема поврзаност меѓу синоќешниот напад во Стразбур и Белгија, информираше утрово белгискиот министер за правда, Кун Генс и нивото на безбедбност во Белгија останува непроменето.

По париските атентати во 2015 година, во кои голем број од напаѓачите или беа по потекло од Белгија или на некој начин беа поврзани со оваа соседна земја, белгиските власти редовно разменуваат информации со француските колеги. Овојпат напаѓачот од Стразбур не им е познат на белгиските власти, увери министерот, иако се уште се трага по него од двете страни на француско-белгиска граница. Сепак не е извесно дали напаѓачот побегнал од Франција.

-Нема индикации дека Белгија може да биде таргетирана, изјави министерот

Засега нема ниту потврда дали нападот на Божиќниот пазар во Стразбур се смета за терористички.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар