Нападот во „Шарли ебдо“ го извршиле три лица, убиени четворица од водечките карикатуристи

Од:

Нападот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз денеска е извршен од три лица, изјави министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев.

Тој истакна дека се преземени сите мерки за што е можно поскоро пронаоѓање на сторителите на овој варварски чин. Казнев не изнесе повеќе детали.

Според очевидци и снимки и од камерите нападот е извршен од двајца тешко вооружени мажи, по кој тие влегуваат во автомобил и успеваат да побегнат од местото на инцидентот.

Казнев изјави дека нападот се убиени 12 лица, а ранети се осум, од кои четворица се во критична состојба.

Во нападот се убиени четворица водечки карикатуристи на „Шарли ебдо“. Станува збор за Шарб, Кабјо, Волински и Тинјос. Тие биле идентификувани од лице кое го преживеало нападот.

Последниот твит кој неделникот пред неколку часа го објавил на својот налог на Твитер се однесувал на лидерот на џихадистичката групација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Твитот е обајвен на налогот на неделникот само еден час пред нападот.

На карикатурата Багдади испраќа честитки до читателите, особено за добро здравје.

– Се одмаздивме за пророкот Мухамед, извикувале мажите, кои отвориле оган во редакцијата, изјавуваат очевидци и според нив тие извикувале „Алах е голем“.

Редакцијата на „Шарли ебдо“ беше нападната со молотов коктел во ноември 2011 година, откако сатиричниот неделник објави карикатури на муслимански лидери и на пророкот Мухамед.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен