Нападот во Лас Вегас најсмртоносен во модерната историја на САД

Од:

Инцидентот на фестивалот на кантри музика „Рут 91 харвест“ во Лас Вегас, во кој загинаа најмалку 50 луѓе, а над 200 се повредени, е најсмртоносен напад во САД во последните 25 години.

Претходно, најсмртоносен напад беше тој што се случи на 12 јуни 2016 година во геј клуб во Орландо, при што загинаа 49 лица.

На 16 април 2007 година, 23-годишен корејски студент уби 27 студенти и пет професори на државниот Универзитет во Вирџинија, а потоа се самоуби.

И 20 годишниот напаѓач од основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, се самоуби откако прво ја уби својата мајка, а потоа уби 20 ученици и шест возрасни лица на 14 декември 2012 година.

На 16 октомври 1991 година во тексашки ресторан во градот Килин напаѓачот уби 22 лица, а потоа се самоуби.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија