Нападот со дронови на Крим е подготвка за големата контраофанзива објави украинската војска

Од:

Вчерашниот напад со беспилотни летала на украинскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија, е подготовка за планирана контраофанзива, соопшти денеска украинската армија.

„Уништувањето на непријателската логистика е еден од подготвителните фактори за силните акции на нашите одбранбени сили, за кои зборуваме долго време“, изјави Наталија Гумењук, портпаролка на јужната команда на украинската армија.

Гумењук додаде дека станува збор за подготовка за офанзива од големи размери „која сите ја чекаат“.

Голем руски склад за гориво се запали по напад со дрон во пристанишниот град Севастопол на Крим во саботата наутро. Според руските извештаи, нема повредени или жртви, а не биле оштетени ниту цивилни згради.

Украинското воено разузнавање соопшти дека се уништени десет цистерни со гориво. Киев не ја презеде одговорноста за нападот, но разузнавачите соопштија дека таквите експлозии ќе продолжат.

Русија е во војна со својот сосед повеќе од една година и моментално контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи го и Крим, кој го анектираше во 2014 година.

Меѓународната заедница со недели чека најава за голема украинска офанзива. Украина сака, со помош на оружјето што и го испратија западните земји, да ги врати окупираните територии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск