Нападнати две странски туристки во Рио де Жанеиро

Од:

Бразилската полиција трага по осомничено лице за киднапирање на две странски туристки и за силување на едната од нив. Жените биле нападнати во квартот Копакабана во Рио де Жанеиро.

За киднапирањето и силувањето приведени се двајца мажи на возраст од 20 и 22 години, а полицијата трага по третиот осомничен. Жените биле одведени во едно од бедните предградија на Рио де Жанеиро, каде биле држени шест часа, заплашувани и тепани, а едната од нив била и силувана.

Националноста на жртвите не е објавена, но бразилските медиуми објавија дека силуваната жена е Американка. Жените неколку месеци во Рио де Жанеиро го изучувале португалскиот јазик.

Жртвите ги препознале напаѓачите. Кај еден од нив бил пронајден мобилниот телефон на една од жените. Осомничените ја користеле и кредитната картичка на една од жртвите.

Според податоците на Министерството за здравство во Бразил од јануари до јуни 2012 година регистрирани се повеќе од 3.500 силувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата