Нападната полициска станица во Шампињи-сур-Марн, во парискиот регион

Од:

Четириесетина лица со метални шипки и пиротехнички средства го нападнаа градскиот полициски комесаријат во Шампињи-сур-Марн, а во нападот, за среќа, нема повредени, јави дописникот на МИА.

Додека биле на пауза пред полициската станица ноќеска, нешто пред полноќ, двајцата полицајци виделе како кон нив доаѓаат четириесетина лица подготвени за тепачка. Двајцата полицајци успеале навреме да се заклучат во безбедносната зона на полициската станица. Неколку секунди подоцна следувал нападот. Прво со обид да се разбие со железна шипка блиндираното стакло од влезната врата. Потоа со палење огнови со отпадоците. И на крајот со огномети врз фасадата на полициска станица. Осум рачно изработени минофрлачи биле пронајдени во близина на комесаријатот, прецизира префектурата на Париз.

Покрај искршените прозорци во зградата, исто така, биле оштетени два полициски автомобили и три запленети возила.

Сместена во чувствителна област Вал-де-Марн, полициската станица Шампињи веќе беше цел на напад минатиот април.

Овој напад се случи само неколку дена по насилниот напад врз двајца полицајци во Херблеј, во Вал-д-Оаз. За време на овај напад, двајца полицајци во мисија на набљудување беа сериозно претепани пред да бидат застрелани со нивното службено оружје што напаѓачите им го одзедоа.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата