Нападната најголемата воена болница во Авганистан

Од:

Главната авганистанска воена болница „Сардар Дауд Хан“, која се наоѓа во главниот град Кабул, денеска е нападната од неколку лица.

– Засега е познато дека неколкумина напаѓачи влегле во болницата, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, генерал Даулат Вазири.

Нападот започнал со канонада од истрели, проследени од експлозија околу девет часот по локално време.

– Бомбаш самоубиец го активирал експлозивот пред болницата, а потоа внатре влегле неколку вооружени лица и тие се уште се наоѓаат таму, истакна претставник на авганистанските безбедносни служби.

Еден од лекарите на клиниката ги повикал на Фејсбук сите да се молат за судбината на луѓето, кои се наоѓале внатре за време на нападот.

Засега нема информации за убиени и повредени и никој не преземал одговорност за нападот.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан