Нападната е воздухопловната база „Ал Удеид“ во Катар

Од:

Иран потврди дека изврши напад врз најголемата американска база на Блискиот Исток, предупредувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп дека „портите на пеколот ќе се отворат уште пошироко“.

Војската на исламскиот режим соопшти дека иранските сили започнале напад врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар, во која се сместени околу 10.000 американски војници и служи како главен напреден штаб на Централната команда на САД (CENTCOM).

– Деструктивни борбени беспилотни летала од копнените, воздушните и поморските сили на армијата ги насочија воените области на ционистичкиот режим на окупираните територии и базата на американските сили во Ал Удеид, Катар, се вели во соопштението на иранската војска.

Засега нема извештаи за жртви или штети во базата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он