Нападната болница на „Лекари без граници“ во Авганистан

Од:

Болница на организацијата „Лекари без граници“ била цел на напад во северен кварт од главниот град на Авганистан, кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Нападната е болница на „Лекари без граници“ во Кабул, која потоа беше посетена од авганистански висок зџдравствен претставник, изјави неименуван извор за британските медиуми, додавајќи дека нападот бил одбоен од безбедносните сили кои го придружувале заменик министерот за здравство.

Министерството за внатрешни работи потврди дека болницата била нападната.

Се уште не е познато кој стои зад овој вооружен напад и колку жртви има во него.

„Лекарите без граници“ засега не коментираа инцидентот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан