Нападната база во Кабул: Има мртви

Од:

Припадник на владејачките талибанци во Авганистан отвори оган врз база на Обединетите нации во Кабул, при што полесно рани еден чувар, а подоцна беше пронајден мртов, соопшти денеска мисијата на ОН во земјата.

Вооружен напаѓач вчера пукал кон стражарско место на ОН, а безбедносните сили не возвратиле.

Чуварот, кој се здобил со полесни повреди, бил згрижен во болница, соопштија Обединетите нации.

Талибанскиот борец подоцна беше пронајден мртов на локација надвор од базата на ОН. Во соопштението на ОН не е појаснето како загинал борецот.

Обединетите нации и талибанците водат одвоени истраги за инцидентот.

Авганистанското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот се случил поради недоразбирање, без да прецизира што значи тоа.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on

ИЛО: Повеќе од половина милион Авганистанци од неодамна се без работа

Ана Ололовска

67 Авганистанци добија привремен престој во Македонија

А1он

Светска банка одобри 280 милиони долари за Авганистан

Ана Ололовска

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он