Нападите во Брисел се во спротивност со исламот, соопшти исламскиот универзитет „Ал Азхар“

Од:

Престижниот исламски теолошки универзитет „Ал Азхар“ во Египет денеска ги осуди атентатите во Брисел и соопшти дека тие му противречат на исламот, пренесе ТАСС.

„Овие ужасни злосторства се во спротивност со толерантното учење на исламот“, се наведува во соопштението на оваа исламска образовна институција.

„Доколку меѓународната заедница не се обедини против оваа епидемија, нечесните нема никогаш да запрат да ги изведуваат своите одвратни злосторства против невините“.

Универзитетот „Ал Азхар“ е најголемиот исламски универзитет во светот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски